Ова се најновите услови на Путин за крај на војната, еве ги териториите од кои сака да се откаже

Рускиот претседател Владимир Путин, како што објави Ројтерс, повикувајќи се на три извори, бара Украина да се откаже од целиот Донбас, од својата желба да се приклучи на НАТО алијансата, да остане неутрална и да не дозволи западни трупи да влезат во земјата.

По средбата со Трамп, Путин рече дека се надева оти средбата е голем чекор кон договор, но ниту еден од лидерите не откри детали од разговорите.

Условите на Путин

Украина мора да го предаде целиот регион Донбас (Донецк и Луганск).

Украина мора да се откаже од членството во НАТО.

Украина мора да остане неутрална.

Украина мора да забрани присуство на западни трупи на нејзина територија.

Ројтерс сега ги открива контурите на она што Кремљ би сакал да го види во евентуален мировен договор за завршување на војната.

Руски извори изјавија дека Путин направил компромис во врска со територијалните барања што ги постави во јуни 2024 година, со кои се бараше од Киев да отстапи четири области што Москва ги смета за дел од Русија: Донецк и Луганск во источна Украина – кои го сочинуваат Донбас – плус Херсон и Запорожје на југ.

„Компромисите“ на Путин

Како што пренесува Ројтерс, Путин е подготвен и за наречени, компромиси, имено:

Запирање на фронтовската линија во Херсонската и Запорожската област.

Враќање на мали окупирани делови од Харковскиот, Сумискиот и Днепропетровската област.

Киев ги отфрли тие барања и го нарече тоа рамно на предавање.

Украинскиот претседател Зеленски постојано ја отфрла идејата за повлекување од меѓународно признатата украинска територија како дел од договорот и додаде дека Донбас служи како тврдина што го спречува рускиот напредок подлабоко во Украина.

– Ако зборуваме за повлекување од исток, не можеме да го сториме тоа. Станува збор за опстанок на нашата земја, што ги вклучува најсилните одбранбени линии – е пораката од Киев.

Зеленски додаде дека не е до Русија да одлучува за членството во НАТО. Ниту Белата куќа ниту НАТО-алијансата сè уште не ги објавија руските предлози

Најчитани вести