Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците од Кеј „13 Ноември“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на плоштад „Македонија“ без број.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
МИА


