Во извештајот по ревизијата,српската Државна ревизорска институција (ДРИ) оцени дека Градот Белград сериозно ја прекршил обврската за добро работење, поради што испрати барање до Собранието на Град Белград за разрешување на одговорното лице – градоначалникот Александар Шапиќ.
По спроведувањето на ревизија на регуларноста на работењето на Градот Белград во делот поврзан со расходите за вработените за 2022 година, со директни и индиректни корисници на буџетски средства, ДРИ утврди неправилности што субјектот на ревизијата бил должен да ги исправи.
„Иако субјектот достави Извештај за одговор за мерките што ги презеде за отстранување на неправилностите, ДРИ утврди дека за одредени неправилности не се доставени докази за нивно отстранување, поради што во постапката на ревизија го ревидираше извештајот за одговор и издаде извештај за постревизија“, се вели во соопштението на ДРИ.
ДРИ утврди дека Градот Белград не ги отстранил задоволително значајните неправилности.ДРИ го информираше Народното собрание на Република Србија за сериозното кршење на обврската за добри деловни практики, се заклучува во соопштението.
МИА


