Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.
УХМР


