Од денес на сила се новите цени на горивата во Македонија, со значително намалување на цената на дизелот и благо поскапување на бензините.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС и екстра лесното масло за домаќинство е намалена за 6,50 денари по литар, додека бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се поскапи за 0,50 денари по литар.
Новите максимални малопродажни цени изнесуваат:
• ЕУРОСУПЕР БС-95 – 88 денари за литар
• ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар
• ЕУРОДИЗЕЛ БС – 85,50 денари за литар
• Екстра лесно масло за домаќинство – 87,50 денари за литар
Намалена е и цената на мазутот М-1 НС за 3,238 денари по килограм, па тој од денес се продава по цена од 47,906 денари за килограм.
Од РКЕ информираат дека ценовната корекција е резултат на падот на референтните цени на светските пазари на нафтени деривати. Кај бензините е забележано намалување од над 10 проценти, додека дизелот и екстра лесното масло исто така бележат двоцифрен пад. Кај мазутот намалувањето изнесува околу осум проценти.
Новите цени веќе се применуваат на бензинските станици низ државата.


