Генералното собрание на ОН денеска избира нов претседател

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе избере нов претседател, на гласање што е предвидено да се одржи во 16 часот по средноевропско време.

Земјите-членки на Обединети нации избираат наследник на досегашната претседателка Аналена Бербок, а кандидатот овојпат доаѓа како претставник на државите од азиско-тихоокеанската група.

Во трка за функцијата се двајца кандидати – актуелниот министер за надворешни работи на Бангладеш, Халилур Рахман и амбасадорот на Кипар во ОН, Андреас Какурис.

Тие во средината на мај ги презентираа своите програми пред Генералното собрание, при што одговараа на прашања од земјите членки, како и од претставници на граѓанското општество преку видео врска.

Новиот претседател ќе ја преземе функцијата во септември, кога истекува мандатот на Бербок.

Функцијата претседател на Генералното собрание ротира годишно меѓу регионите Африка, Азија, Источна Европа, Латинска Америка и Карибите, како и од Западна Европа и други држави. Според воспоставената практика, на таа позиција обично не се избираат претставници на големите сили и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, како што се САД, Кина, Русија, Франција и Обединетото Кралство.

МИА

Најчитани вести