Во Шпанија околу еден милион имигранти аплицирале за регулирање на нивниот статус

Околу еден милион имигранти во Шпанија аплицирале за регулирање на нивниот статус откако Мадрид воведе мерка за интегрирање на странците кои живеат и работат во земјата без дозвола.

Програмата за аплицирање беше промовирана во јануари, а стартуваше во април. Денеска е последниот рок за аплицирање.

Програмата им дава на имигрантите без легален статус едногодишна дозвола за престој, која може да се обнови ако живеат во земјата најмалку пет месеци и немаат криминално досие.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез мерката ја опиша како „чин на правда и неопходност“, истакнувајќи оти луѓето кои веќе живеат и работат во Шпанија треба да можат да го прават тоа „под еднакви услови“ и да плаќаат даноци.

Политиката на Шпанија е во спротивност со зголемените мерки за депортација на илегални имигранти од ЕУ и од САД во други држави.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести