За да се избегне ваквото сценарио повторно, Американскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ) одлучил да дејствува превентивно, па објави упатства за во случај на следна пандемија.
Покрај вообичаениот совет да имате вода, храна и основни лекови дома за најмалку три дена, батерии или дополнителен извор на енергија и важни документи на лесно достапно место, ЦДЦ на посебен дел од својата веб-страница дава и некои необични совети – што да се прави случај на „зомби апокалипса“.
Центарот советува сите да имаат подготвен „пакет за итни случаи“, кој вклучува вода, храна, лекови, алатки, средства за хигиена, облека и ќебиња, важни документи и кутија за прва помош (иако ако ве касне зомби, лепенка нема да ви помогне, но може да се најде за раните што сте ги добиле додека бегате од нив).
„Ако се појават зомби на улиците, ЦДЦ ќе спроведе истрага како и во случај на која било друга пандемија. Тој ќе обезбеди техничка помош за градовите, државите или меѓународните партнери кои се соочуваат со пандемија на зомби, во форма на консултации, лабораториски тестови на пациенти, лекарска грижа и слично”, стои на веб-страницата на ЦДЦ.
Дека ништо не оставаат на случајноста ЦДЦ покажа со објавените низа брошури за тоа што треба да се стори во случај на зомби апокалипса, од тоа како да се однесуваме за време на апокалипсата, до моментите како родителите и наставниците да им ја објаснат апокалипсата на децата.
Ова може да Ви изгледа како смешен потег, но идејата што стои „меѓу редови“ не е лоша – имено, ЦДЦ често издава упатства што се корисни во случај на катастрофи, па, како што велат, ова се покажало како добар начин да привлечат внимание и широк спектар на публика, а со тоа да делуваат превентивно во ширењето вистински корисни информации, меѓу другото и за Ковид 19, како да реагирате во случај на земјотрес, стомачен вирус и слично.
]]>


