Ажурирана анализа на неисплатена државна помош за минимална плата од страна на работодавачите корисници на оваа помош

После објавувањето на листата на фирми, кои зеле државна помош за исплата на минималец на вработените, а не го сториле тоа, останува впечатокот дека најголема измама направиле газдите на компаниите од секторот нискоградба. Фирмите кои се занимаваат во овој сектор, за 86 вработени земал државна помош од 638 илјади денари.

После нив, следуваат фирмите кои се занимаваат со производство на прехранбени производи. Тие за 17 вработени земале помош од 227 386 денари. На трето место, се малите трговски фирми, кои за 15 вработени земале 210 250 денари.

Натаму следуваат фирмите кои се вклучени во изградба на згради, а кои за 14 вработени зеле 159 500 денари. Првите пет ги заокружуваат компаниите од секторот производство на облека, кои за 16 вработени добиле 145 илјади денари.

На листата може да се најдат над 700 компании.

]]>

Најчитани вести