Дајте им предност на свежите портокали, а поретко бирајте сок: Нутриционист открива зошто е тоа важно

– Доколку сте љубители на цеден сок, време е да ви откриеме една тајна. Сокот од портокал има повеќе шеќер, помалку влакна и го попречува варењето ако се комбинира со некоја храна. Затоа е пожелно луѓето кои имаат дијабетес, инсулинска резистенција и дигестивни проблеми – да избегнуваат цеден сок од портокал.

Мој совет е доколку се одлучите за портокал, кој е одличен извор на витамин Ц и одлична храна за забременување, да го комбинирате со грст јаткасти плодови и да бидете сигурни дека сте ја нахраниле вашата плодност – вели Марија Стајиќ, која меѓу другото се занимава и со исхрана која влијае на репродуктивното здравје, пишува мондо.рс. 

Еве кои се разликите помеѓу сокот и целото овошје

Свежиот портокал содржи:

* 62 калории

* 3 г влакна

Цеден сок од портокал

* 130 калории

* 0,5 г влакна

Портокалите се одличен извор на витамин Ц и флавоноиди. Еден среден портокал може да биде доволна дневна доза за внес на витамин Ц.

Здравствени придобивки од портокалите:

* зајакнување на имунитетот

* помагаат во намалување на крвниот притисок

* делуваат на намалување на холестеролот

* одржување на здравјето на цревата

* имаат позитивен ефект врз видот

Најчитани вести