Џордан за година дена изгубил 500 милиони долари

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан, минатата година изгубил дури 500 милиони долари.

Информацијата ја објави магазинот Форбс и тврди дека личното богатство на Џордан е драстично намалено заради низа околности предизвикани од глобалната пандемија.

Џордан, лани остварил дури 24% помалку приход во споредба со 2019 година, а „Форбс“ не наведува детали на што поточно изгубил толку многу пари.

Џордан (58) важи за најбогат кога станува збор за поранешни и сегашни спортисти.

Тој е сопственик на НБА франшизата Шарлот Хорнетс, а најмногу пари добива од спонзорски договори. Најновите проценки велат дека тежи 1,6 милијарди долари.

https://twitter.com/Forbes/status/1373406757037412360
]]>

Најчитани вести