Двваесетина лица во моментов се пред Судија на претходна постапка на распит, во скопскиот кривичен суд, поради сомнеж дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции.
Вршителот на должност, претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Стојанче Рибарев, за „СУДСТВО.МК“ официјално потврди дека има приведени лица. Според Рибарев, полицијата со приведување на осомичените започнала уште од девет часот, но дека тој не знае колку лица се осомничени и до кога ќе трае приведувањето.
Тој не можеше да потврди дали станува збор за сомневања за злоупотребана службена положба и овластување, односно за сторени злоупотреби со земјоделски субвенции.
Според најновите сознанија на порталот Судство најголемиот број од приведените се од Скопје, но има лица и од Гевгелија и од Валандово, а сите се товарат за злоупотреба на службена положба и овластување, сголасно член 353 став 5 од Кривичниот законик на РМ и ним е запретена казна затвор од најмалку пет години.


