„Колку и да е одлична и забавна, оваа емисија повеќе не е предизвик. Потребно ми е нешто ново што ќе ми биде поттик“, вели водителката на којашто ова ѝ е 17-та сезона во која се емитува нејзиното „Тhe Ellen DeGeneres Show“, истакнувајќи дека со емисијата сакала да заврши уште во 2019 година.
Ланскиот јули главните продуценти на шоуто рекоа дека атмосферата во којашто се снима емисијата е „лоша“. Елен Деџенерес не беше директно не беше обвинета, но ѝ беше забележано затоа што дозволиле да се создаде таква атмосфера во нејзиниот тим.
Гледаноста на емисијата која се прикажува околу средината на попладнето во САД од септември бележи остар пад и сега има околу 1,2 милиони гледачи, додека уште минатата сезона ги имаше двојно повеќе.
Деџенерес минатата 2020 година зработила 84 милиони дoлари, главно благодарјќи на својата телевизиска емисија, па магазинот Forbes ја пролгаси за дванаесеттата најбогата тв-ѕвезда на светот.
]]>


