
Пред неколку години, младиот белградски фотограф Марко Совиj ја реализирал својата идеја и направил изложба на фотографии со наслов „Седумдесетти“, а дел од неговата колекција се и фотографиите посветени на Јованка Броз, сопругата на доживотниот претседател на поранешна СФРЈ.

Фотографиите се направени во титовиот „Син воз“.

Авторскиот тим на изложбата го сочинуваа фотографот Марко Совиj, шминкерката Ана Аќимовиќ, за фризурите се погрижила Ѓурѓица Ивановиќ – Ѓука и стилистот Александар Комазец, додека модната креаторка Драгана Огњеновиќ ја креирала облеката за „Јованка“.

Сличноста на моделот со поранешната прва дама на СФРЈ е оставена за посетителите на изложбата сами да ја проценат, но овие ретро фотографии навистина потсетуваат на некои носталгични емоции што голем дел од граѓаните на поранешната СФРЈ ги паметат од деца.
]]>


