Вечерва членовите на групата „Hurricane“ ќе настапат во финалето на 65-та „Евровизија“, што годинава се одржува во Холандија, а претставничките на Србија се соочиja со обвинувања дека песната „Локо Локо“ всушност е плагијат.
Наводите за наводен плагијат се објавени на Твитер.
Фановите на италијанскиот музичар Лука Маркана, кој се претставува со уметничкото име „Ака 7Евен“, не престануваат да објавуваат линкови до неговата песна „Лока“ во коментарите под најавите за групата „Hurricane“, тврдејќи дека Ксенија, Сања и Ивана ја украле.
Сепак, песната што ја претставува Србија излезе многу порано пред песната на Лука. „Локо, локо“ беше објавена на почетокот на март оваа година, додека Италијанецот ја објавил неговата песна во април.