И таа „остаре“?! Леонардо Дикаприо раскина со 23 години помладата девојка

Освен што е познат по својата глума, актерот Леонардо ди Каприо (46) веќе две децении ги пополнува насловните страници со врските со девојки на кои не им се менува староста. Додека бројот на неговите години оди нагоре, ниту една од неговите девојки немала повеќе од 27 години.

Последните три години Леонардо беше во врска со манекенката и актерка Камила Мороне (23).

Како што пренесуваат американските медиуми тие двајца веќе не се заедно, а наводно, се оддалечиле поради работата на актерот.

-Кога Леонардо работи, не е достапен за остатокот од светот со цел да се концентрира на она што го работи. Најверојатно недостатокот на комуникација ја налутило Камила – изјавил извор близок до парот.

Двојката редовно беше критикувана од јавноста за големата разлика во годините, а Камила за сите овие реакции еднаш искометира:

„Многу љубовни врски во историјата и во Холивуд се со голема разлика во годините меѓу двата партнери. Секој треба да биде со тој кој го сака“, рече манекенката Морон.

Холивудскиот актер сè уште не однел ниту една девојка пред олтарот. Негов тип се претежно високи и слаби девојки, русокоси манекенки со нешто над дваесет години. Речиси со сите Леонардо раскинал откако ќе наполнеле 25 години (понекогаш дури и порано), а исклучок не е ни Камила Моронe, пренесуваат бројните американски медиуми.

]]>

Најчитани вести