Членовите на жирито на музичкoто шоу „Звездите на Гранд“ постојано го привлекуваат вниманието на јавноста, а се појавија и бројките за работата што наводно им следуваат како надомест од продукцијата за секоја сезона. Иако тие велат дека работат бесплатно сепак пари за нивните „судења“ им се префрлаат на сметките.
Така, Ѓорѓе Давид, кој последен се приклучи во шоуто, доби 40.000 евра. Повеќе од него зема Драган Стојковиќ Босанац, чиј надомест за сезона изнесува 60.000 евра.
Вики Миљковиќ и Ана Бекута добиваат иста сума на пари, 80 000 евра по сезона, додека Марија Шерифовиќ, според медиумите во Србија, добива многу повеќе од сите нив. Како што пишуваат српските медиуми, победничката на Евровизија наплаќа 140.000 по сезона за седење во натпреварувачката фотелја.
Шоуто „Звезда Гранда“ постои веќе 18 години, а во последно време многу повеќе се зборува за членовите на жирито отколку за учесниците на натпреварот.
Медиумите не добија информации колку за нивното учество наплатуваат Александар Милиќ Мили и Јелена Карлеуша.
]]>


