Наскоро нов ИПАРД повик за Мерка 3, грантови до 1.5 милиони евра

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално го најави објавувањето на јавен повик за Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД III програмата. Јавниот повик ќе биде објавен во текот на вториот квартал од оваа година, а периодот за аплицирање ќе трае 45 дена од денот на објава во дневните весници.

На овој јавен повик ќе можат да аплицираат правни лица и задруги за грант во максимален износ до 1.500.000 евра кој изнесува 50% од предвидената инвестиција, а во рамки на Мерка 3 се поддржуваат инвестиции во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на претпријатијата од индустријата за преработка на храна.

Приоритетни сектори поврзани со преработка и/или маркетинг на производи кои се прифатливи за поддршка во рамки на Мерка 3:

  • Млеко и млечни производи
  • Месо и месни производи (вклучително јајца и живина)
  • Овошје и зеленчук (вклучително компир и легуминозни култури)
  • Житарици, мелнички продукти и скроб
  • Растителни и животински масла и маснотии
  • Шира, вино, други ферментиране пијалоци, алкохоли и оцет
  • Риба и рибни производи
  • Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса

Вкупниот буџет наменет за финансирање на проекти во рамки на Мерка 3 изнесува 40 милиони евра за времетраењето на целата ИПАРД III програма. Во однос на претходните повици за Мерка 3, претстојниот повик предвидува зголемени можности по однос на типот на инвестиции и поголем обем на потенцијални корисници.

За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се во Агротим Консалтинг на телефоните:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете e-mail на info@agrotim.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести