Италијанецот за „дрогирањето“: Можеби сум глупав, ама не до толку

Откако Италија победи на Евровизија, започнаа да кружат обвинувања дека фронтменот на групата, Дамијанo Дејвид, конзумирал опијати пред камера, а видеото, на кое не се гледа јасно што се случува, ги преплави социјалните мрежи.

Дамијано веднаш ги негираше обвинувањата и објави дека е согласен да биде тестиран за да докаже дека во неговото тело нема забранети супстанции.

По враќањето во Италија, тој го даде своето прво интервју во кое, меѓу другото, зборуваше за скандалозната снимка за време на Евровизија.

„Никогаш не сум конзумирал кокаин во животот и сигурно нема да започнам за време на директен пренос пред цела Европа“, рече Дамијано и продолжи:

„И тоа пред камера насочена директно кон моето лице?! Можеби сум глупав, ама не до толку.“

Да потсетиме, шведски новинар го праша Дамијано дали користел кокаин на Евровизија. Одговорот на Дамијано беше дека тој не користи дрога, а токму тоа го објави и групата „Манескин“ на својот официјален профил на Инстаграм.

]]>

Најчитани вести