Полицијата во Њу Хемпшир распиша активна потера за пејачот Мерилин Менсон со две обвиненија за напад и истакна дека не се од сексуална природа, пренесе Би-Би-Си.
Во соопштението полицијата наведува дека пејачот и неговите агенти „биле свесни за потерницата веќе подолго време“, но дека тој не се потрудил да одговори на обвиненијата.
Во соопштението полицијата наведува дека пејачот и неговите агенти „биле свесни за потерницата веќе подолго време“, но дека тој не се потрудил да одговори на обвиненијата.
Секое од двете обвиненија предвидува можна затворска казна од помалку од една година и парична казна до 2.000 американски долари.
Менсон, чие вистинско име е Брајан Хју Ворнер, досега не коментираше јавно за овие прашања.
На почетокот на овој месец се покажа дека поранешната асистентка на Менсон, Ешли Волтерс го тужела пејачот, изјавувајќи дека тој сексуално ја вознемирувал.
Адвокатскиот тим на Волтерс тврдеше дека Менсон бил насилен шеф кој им рекол на своите пријатели дека можат да ја допираат и бакнуваат Волтерс и ја натерале да работи 48 часа по ред.
Администрацијата на Менсон „жестоко ги негираше сите обвинувања“.
]]>


