За резултатот, но и за настапите, преку својот профил на Инстаграм се огласи и српската пејачка Јелена Карлеуша, која, како и секогаш, без „влакна на јазикот“ го коментираше сето ова.
Таа напиша дека девојките од Србија биле одлични, но штосот е во нешто друго.
„Девојките од групата „Hurricane“ дадоа сè од себе за да ја претстават Србија достоинствено и им честитам од срце. Браво девојки! За жал, како што и предвидов, правилата на игра на европската сцена се малку поинакви и тоа мора да ни биде јасно. Се бара концепт, се бара порака, се бара поп-уметност, храброст, нов вид на „cool“, се бара она што Балканот не го чувствува и не го разбира. Тоа што „пали“ на овие простори, за жал не е она што „пали“ и во остатокот од светот“, напиша Карлеуша.
„Повторно ќе го споменам примерот на Марија Шерифовиќ која победи. Таа имаше концепт, порака, храброст и беше доволно чудна да биде АРТ. Да не зборуваме за талентот и добрата песна. Затоа победи, во тој момент беше нова, поинаква вибрација. Марија таква е по природа. Марија беше личност. И секогаш победува посебна личност. Да повторам, нашите девојки беа ТОП и ги обожавам, но според нашите локални стандарди. Ако веќе одевме на играње на три „риби“, нивните костими требаше да се запалат. Кореографијата и сценскиот настап?! Ви се молам… “ – напиша Јелена Карлеуша на Инстаграм.
Таа запраша: „Што беше ново и поинакво?!“
И се разбира одговори:
„Да бидам искрена, нашите девојки немаа ТИМ, кој би им составил силен концепт. Тие како изведувачи својот дел го направија беспрекорно и не е нивна работа да се грижат и за другите елементи. Тоа требаше да го направи ТИМОТ. Исто е како и во фудбалот. Залудни ќе ви бидат и најдобрите фудбалери, ако тренерот нема идеја. Со години Србија праќа на Евровизија „топ месо“, изведувачи кои се оставени на милост и немилост, „ни криви, ни должни“. Без логистика, без пари, со многу стрес. И секогаш се прашуваме зошто толку лошо поминавме. Да повторам, девојките својот дел го направија брутално добро, но тоа што „киксна“ нема врска со нив.
Затоа овој пат победи к… Италијанец на штикли. Рокерски бог, личност, концепт. Затоа добро поминаа и Швајцарија, Франција… полни со уметност. Запомнете: Тоа што вие мислите дека нема врска, всушност има, само што вие немате поима и затоа во Србија изведувачите и песните се од 3 динари..“, заврши Јелена.
]]>


