Поранешната стјуардеса, сега професионален преведувач 36 годишната Џе Ванг од Сиетл која повремено работела во Фондацијата Гејтс, наводно е причина за разводот на Бил и Мелинда Гејтс
Наводно, Бил и Мелинда биле подготвени да го обелоденат разводот уште во март, но во намерата ги спречиле нивните адвокати кои се обидувале да постигнат спогодба пред формалното објавување.
И додека Мелинда со нивните три деца се опоравува на Карибите, барем според пишувањата на американскиот таблоид ТМЗ, Бил секојдневно се соочува со нови контроверзни моменти од неговиот приватен живот кои медиумите ги обелоденуваат.
Деталите за разводот на деценијата не се откриени, но се’ погласни се шпекулациите дека главната причина за истиот е аферата на Гејтс со 36-годишната Зе Шели Ванг, жена по потекло од Кина која со години работи во фондацијата на славниот милијардер.
Ванг, инаку поранешна стујардеса, е професионален преведувач, живее во Сиетл и не е мажена
Медиумите пишуваа и за поранешната девојка на Бил Гејтс со која наводно секоја година одел на летување. Она што предизвика дополнителен интерес е информацијата дека Мелинда била добро запознаена со блискиот однос на нејзиниот сопруг со Ен Винблад и истиот воопшто не ѝ пречел.
]]>


