Кoлку точно да користите квасец за килограм брашно: Еве кои состојки го прават тестото совршено

Количината на квасец за тестото зависи од тоа дали користите сув или свеж квасец, но и од количината на брашно што ќе го користите.

Ако имате добар рецепт, се што треба да направите е да ја следите количината на состојки.

Морате да ги додавате точно како што е наведено во рецептот, но и да бидат на собна температура, освен оние што треба да бидат топли.

Постојат две состојки кои дефинитивно ќе помогнат вашето тесто секогаш да е совршено, а тоа се јогуртот и оцетот. Јогуртот ќе помогне производите од тестото да бидат меки, а оцетот ќе помогне тестото побрзо да нарасне. На 1 кг брашно додадете цела коцка квасец (т.е. 42 гр.), која треба да ја промешате во топла вода или млеко. Додадете го шеќерот и оставете го да се активира околу 10 минути. Ако немате свеж квасец, можете да користите сув квасец, а во тој случај за 1 кг брашно потребни се околу 20 гр сув квасец или 2 кесички.

Најчитани вести