Конечно се дозна, еве кој пол е бебето на Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ очекуваат ќерка, пишуваат српските медиуми. Пејачката неодамна ја потврди добрата вест и откри дека по спектакуларната концертна турнеја и дознавањето дека чека второ дете, на извесно време се повлекува од естрадата, а извор близок на парот откри дека нивното семејство ќе стане побогато за еден женски член.

– Александра не сакаше да ја крие добрата вест бидејќи и Филип и таа веруваат дека децата се најголемото богатство. Среќни се, успешни, со години се во хармоничен брак и сосема е природно што сакаа да добијат уште едно дете. Ова не само што ќе ги израдува нив и нивните семејства, туку и нивниот син Александар, кој често им велел како би сакал да има брат или сестра. Неодамна дознале дека Прија носи девојче, но засега тоа го знаат само најблиските. Таа вест засега не сакаат да ја објават поради малер, но и поради нејзиното повлекување од јавноста. Сметаат дека е добро да се зачува интимноста и дека Александра веќе била доволно присутна во медиумите поради големите деловни успеси кои ги постигнала.

Иако за Александра и Филип најважно е детето да е живо и здраво, изворот открива дека, од моментот кога дознале дека ќе добијат ќерка, двојката блескала од среќа.

– Факт е дека најважно им е се да е во најдобар ред со бебето, но сознанието дека ќе добијат ќерка внесе сосема нова димензија во нивните животи. И двајцата блескаат од среќа, а Александра е особено среќна, бидејќи никогаш не криела дека сонува за принцеза која ќе биде нејзината мала копија. Филип веќе размислува како ќе ја разгали ќерката, сигурен сум дека исто како и на Александра ќе и ја исполни и најмалата желба и дека со нив тројца девојчето ќе биде сакано и среќно дете, вели нивен пријател.

Најчитани вести