Kралицата ја објави омилената фотографија на која се заедно со принцот Филип


Погребот на сопругoт на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, кој почина на 9 април, на 100-годишна возраст, ќе се одржи денес во замокот Виндзор.

На погребот ќе присуствуваат максимум 30 лица, во согласност со мерките против пандемијата на корона вирусот. Самиот принц Филип претходно изјави дека сака скромен погреб.

На церемонијата, што ќе биде прикажана и на телевизија, кралското семејство ќе се збогува со војводата од Единбург, сопругот на „Елизабета“ со која се во брак 73 години или на „Кралицата Елизабета“ од 1952 година, кога таа стана кралица.

Присутен на погребот ќе биде и принцот Хари, внук на кралицата и син на покојната принцеза Дијана.

На Инстаграм профилот на кралското семејство е објавена омилената фотографија на кралицата на која се заедно со принцот Филип. Кралскиот пар се одмара на тревата во природата на Абердиншир во 2003 година, пренесува Би-Би-Си.

На таа фотографија, направена за време на некој сончев ден, кралицата и принцот Филип се опуштени и со топли насмевки кон снаата Софија, која ги сликала.

]]>

Најчитани вести