Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид повика на „цврст“ одговор на синоќешниот напад со балистички ракети од Иран.
– На нашите непријатели треба да им биде јасна една работа: Израел ќе биде победник, вели тој во изјавата.
– Со нашите воени капацитети, нашите одбранбени индустрии, поддршката на нашите сојузници и особено силата на нашиот неверојатен народ, знаеме дека дури и кога цената е висока, ќе победиме, продолжи Лапид.
Според него, Техеран „ќе плати значајна и висока цена за синоќешниот напад“.
– Техеран знае дека Израел доаѓа. Одговорот треба да биде остар и треба да испрати недвосмислена порака до оската на тероризмот во Сирија, Ирак, Јемен, Либан, Газа и во самиот Иран, рече Лапид и повика на регионална стратегија со цел да донесе промени во регионот.
МИА


