Летот до никаде расподаден за две ипол минути

Авиокомпанијата „Кантас“ за само две и пол минути ги продала сите карти за „летот кон никаде“. Австралијците што купиле карта за овој лет кон крајот на мај ќе имаат можност од воздух да го следат целосното затемнување на Месечината и да ужуваат во прекрасните моменти додека трае Супер Месечината.

Летот до Супер Месечината е последниот во низата патувања организирани од „Кантас“, компанијата што патниците ги носи на весело возење со авион, пред да ги врати таму од каде што пошле.

Почетната цена на билетот во економска класа беше 499 австралиски долари, додека во деловната класа беше 1.499 долари.

]]>

Најчитани вести