Maчорот Ахил го погоди победникот на првиот натпревар на Европското првенство, а има и Инстаграм профил

Рускиот мачор Ахил го погоди победникот на првиот натпревар на Европското првенство, а тоа е Италија. Тој вчера на прес конференција почна да јаде од чинијата кај која стоеше италијанското знаме, а ќе го предвидува победникот на уште три натпревари: Белгија и Русија, Полска и Словачка и Финска и Русија.

Maчорот не слуша, не мјаука, ама затоа има свој профил на Инстаграм и веќе е ѕвезда.

Руските медиуми за него пишуваат дека има изострен инстинкт за фудбал, а својата слава ја стекнал на Африканскиот куп на нации во 2017 година, како и на Светскиот куп една година подоцна кога без грешки го погодил победникот на првите четири натпревари на турнирот.

Изборот на мачор за претскажувач од страна на русите не е случаен. Според неофицијални истражувања дури 60% од Русите дома имаат барем по една мачка, а 20% чуваат повеќе од две мачки. Изобилство од мачки може да се забележи во руските паркови и околу станбените згради. Поради ваквата појава Русија ја нарекуваат татковина на мачките, а во 2011 година беше одбележан фестивал на музејските мачори, кои го штитат музејот од глувци.

Од 2007 година во галеријата и музеј „Ермитаж“ редовно се вработуваат мачки, а во тоа својство истите добиваат и лична карта.

Ахил е редовно вработен во музејот како чувар, а негова сопственичка е Ана Кондратјева, која прво се грижела за неговото здравје, а потоа ѝ бил доделен да го вдоми, откако преку оглас се барал новиот негов сопственик кој ќе му обезбеди среќен живот и нема да му пречи неговата општествена работа.

Имено, освен што фаќа глувци во музејот и предвидува натпревари, Ахил е и „социјален работник“. Тој постојано e во посета на болници, сиропиталишта и домови за стари лица каде што усреќува многу души. Кога епидемиолошката состојба ќе се стабилизира, неговата сопственичка најави дека тој ќе продолжи со своите активности ќе го користи својот талент за фелинотерапија.

https://www.youtube.com/watch?v=aYfnF4y_Vyg&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести