Македонскиот претставник Васил Гарванлиев со песната “Here I stand” настапи на првото полуфинале на Евровизија

Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев настапи на првото полуфинале на „Евровизија“ под реден број шест со песната “Here I stand”. Евровизијата, која е 65-та по ред,  се одржува, во Холандија. Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија.

Инаку, претходно, премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук ги повика сите кои живеат во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате за македонскиот претставник.

Од земјава ние, како и сите други држави учеснички, не може да гласаме за својот претставник.

Васил несебично го даде својот глас и сите свои емоции на сцената создавајќи моќна и емотивна атмосфера, но за жал без пласман во големото еврозизиско финале.

https://www.youtube.com/watch?v=WRcSHPb_Qwc&feature=emb_title

]]>

Најчитани вести