Најмалку 5 жртви на аеродрoмот во Кабул, Авганистанците бегаат без карти и визи

Најмалку пет лица загинале на патничкиот терминал на меѓународниот аеродром во Кабул, каде илјадници Авганистанци стравувајќи за нивните животи се обидуваат да ја напуштат земјата, изјавиле сведоци на настаните за „Ројтерс“.

Сведоците велат дека виделе раскрварени тела на земјата пред терминалот и додаваат дека не знаат дали жртвите загинале во престрелка или во стампедото.

Американската војска, која ја одржува безбедноста над аеродромот за да обезбеди заминување на странските дипломати и граѓани, се уште не ги коментирала овие изјави, пишува „Wall Street Journal“.

„Толпата е надвор од контола. Се пукаше во воздух за да се спречат луѓето да одат на пистите“, вели извор за Ројтерс.

Многу Авганистанци доаѓаат на аеродромот охрабрени од вестие и објавите на социјалните медиуми, иако немаат ниту авионски билети или визи за да заминат во странските земји.

„Страв ни е да живееме во овој град и се обидуваме да избегаме“, изјавил 25-годишниот Ахмед за Ројтерс.

„Прочитав на Фејсбук дека Канада прифаќа баратели на азил од Авганистан. Служев војска и Талибанците сигурно ќе ме бараат“, објаснил тој.

Талибанците вчера влегоа во Кабул и ја окупираа претседателската палата, откако претседателот избега во Узбекистан.

Портпаролот на Талибанците Мохамед Наим рече дека војната во Авганистан е завршена, дека сакаат да имаат односи со меѓународната заедница и оти сакаат тоа да го постигнат преку дијалог.

– Го постигнавме она што го сакавме, а тоа е слободата на нашата земја и независноста на нашиот народ. Подготвени сме да разговараме со сите фактори во земјата и да им ја гарантираме потребната заштита, рече портпаролот Наим, додавајќи дека Талибанците ги почитуваат правата на жените и малцинствата и слободата на изразување во рамките на шеријатското право.

Талибанците ги повикаа граѓаните „да си одат дома“ и порачаа дека цивилите нема да бидат повредени. 

Повеќето странски дипломати беа евакуирани веднаш, а на аеродромот во Кабул владее хаос. Илјадници Авганистанци очајнички се обидуваат да избегаат од земјата која сега е под власт на Талибанците.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести