Својот успех Соџи го изградил благодарејќи на услугите што ги дава како „Мr. Rental“, а тоа е да не прави ништо друго освен да запознава случајни минувачи, да ги слуша нивните приказни или само да биде физички присутен до нив во некој одреден момент.
Пред да се „изнајми“, тој однапред дава до знаење на своите клиенти дека нема да прави ништо друго освен, ако треба да јаде, да пие и да стои во нивна близина.
Инаку, Соџи Моримото бил примерен студент. Со неговата напорна работа тој имал добри оценки и магистрирал физика на престижниот универзитет во Осака. Првото вработување му било како уредник на книги во издавачка куќа, но во 2017 година, по три години работа во компанијата, дал отказ, сфаќајќи дека тоа не е кариерата што тој всушност ја сака.
На неговата одлука влијаело читањето на делата Ниче, книги што целосно ја промениле неговата перспектива за животот.
-Продолжив на постдипломски затоа што тоа го правеа луѓето околу мене, па се запшав без добро да размислам, ретко живеев самоиницијативно – изјавил Моримото и додал дека додека го читал Ниче започнал си го преиспитал и неговиот начин на живот.
Во август 2018 година, Соџи конечно го објавил својот револуционерен сервис кон светот , „Човек за изнајмување“, преку сега добро познатиот негов твит. Во објавата со наслов „Луѓето кои ме изнајмуваат“, се вели дека е достапен за секој кој има потреба од некого за разни основни задачи, како што е гледање во цвет на цреша, слушање на некого кој би зборувал или само физичко присуство. На клиентите во почетокот им наплатувал само за трошоците за превоз и храна или пијалоци (доколку ги има), а сега веќе и плус 95 долари (околу 5000 денари) за неговата „работа“.
Идејата на Моримото брзо станала популарна на социјалните мрежи и за кратко време бил „изнајмен“ од многу лица. Бројот на неговите следбеници на Твитер пораснал од неколку десетици на над 170 000 за една година, а сега веќе е повеќе од 270 000.
Како што растела неговата популарност, тој почнал да добива барања од ТВ мрежи и списанија, а тоа му донело уште поголема работа…
Тој секој ден излегува од дома околу 8.30 часот и се враќа во 22 часот.
Соџи објаснува дека неговите задачи се многу различни. Во неодамнешниот твит, детално ја опиша задачата во која човек што имал хотел го поканил во истиот затоа што сакал едноставно да му каже на некого за своето хоби, па Соџи само требало да го слушал три часа. Соџи бил изнајмен и од една жена, која го замолила да биде со неа додека поднесува барање за развод, затоа што се чувствувала осамено.
]]>


