Необичниот потфат го привлече светското внимание, куќата од шишиња на Марија

На островот Итамарака, покрај брегот на Пернамбуко во Бразил, мајка и ќерка оживеаја идеја што нè потсетува колку силна може да биде отпорноста и креативноста. Од осум илјади стаклени шишиња пронајдени на плажите – материјали што многумина ги сметаат за отпад, тие направиле дом каков што никој досега не видел!

Имено, користеле шишиња за да создадат темел, ѕидови и детали со симболична и естетска вредност кој го нарекле „Каса де Сал“ („Куќа од сол“). Оваа куќа направена од стаклени шишиња не е само уште еден дом, туку и манифест за тоа што може да се постигне кога еколошката неопходност се среќава со смела идеја.

Бидејќи Итамарака со години е погодена од растечкиот туризам и урбанизам, отпадот – особено стаклото – се натрупува во најчувствителните делови на островот. Една Дантас (55), гледајќи ги тие пространства од напуштени шишиња, почувствувала дека нешто мора да се преземе.

Таа повеќе не сакала само да ги собира. Решила да ги искористи на најдобар можен начин – да изгради куќа од нив. Нејзината ќерка Марија Габриели Дантас (27) не размислувала двапати: се приклучила на проектот и почнала да работи рамо до рамо со неа.

Така започнала изградбата на „Куќата од сол“

Во следните две години, мајката и ќерката го изградиле објектот користејќи рециклирано дрво и повеќе од 8.000 шишиња – сите собрани рачно, внимателно и со помош на своја техника.

И по пет години изградба, куќата има неколку соби, ѕидови од прецизно поставено стакло, прегради направени од стари палети, па дури и ќерамиди направени од користени туби за паста за заби. Првата соба, само 20 квадратни метри, служела како кројачко студио додека го граделе остатокот.

– Првата година и пол преживеавме со мијалници и без класична бања. Но, никогаш не се откажавме од визијата – се сеќава Марија Габриели.

Куќата како општествена критика

Во земја како Бразил, каде што повеќе од 5,8 милиони луѓе живеат без пристоен покрив над глава, ваквите проекти поставуваат важни прашања: како да се реши правото на домување во земја зафатена од сиромаштија? И, што да се прави со планините отпад што се создава, особено на места како Итамарака?

– Тие шишиња нема сами да исчезнат. Ако веќе нема политика за регулирање на нивното производство, ниту за казнување на нивното отстранување, најмалку што можеме да направиме е да ги употребиме повторно. Шише што не се крши ќе остане таму една година – предупредува Една.

„ Идејата бараше техника, организација и визија“

Освен материјалните предизвици, изградбата фрли светлина и врз родовите бариери во градежната индустрија.

– Сакавме да ангажираме помошници само за одредени работни места, но тие постојано ни даваа совети – како треба да биде, што не треба да биде. Како жените да не знаат како да водат градилиште – вели Марија Габриели и додава:

– Луѓето мислат дека најдовме некое магично шише со дух внатре. Тие не разбираат дека ова бара техника, организација, визија. А кога си жена во овој бизнис, сè е двојно потешко.

На прв поглед, „Куќата на солта“ изгледа како необична зграда. Но, за овие две жени, тоа е дом на иднината – место кое не го крие своето скромно потекло и има јасна цел: да го промени светот, шише по шише.

Најчитани вести