Нов облакодер во Мајами: Ќе изгледа како стаклени кутии наредени една врз друга

Oблакодерот што наскоро ќе стане највисоката зграда во американската држава Флорида и ќе биде висок дури 320 метри, ќе изгледа како ред од девет неуредно наредени стаклени кутии една врз друга.

Фото: Инстаграм

Зградата ќе има околу 100 спрата и ќе биде изградена на многу барана локација.

Во долните „кутии“ од оваа модерна архитектура, ќе има хотел со пет ѕвездички. Тој ќе содржи околу 200 соби и апартмани, ресторан, спа центар и фитнес центар, базен… Горниот дел од зградата пак е резервиран за луксузни апартмани за кои веќе се продаваат, иако облакодерот сè уште не е ни почнат да се гради. Најевтиниот стан во облакодер ќе чини милион долари.

]]>

Најчитани вести