Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со неговото семејство денеска се прошетаа до босанските пирамиди. Семејството Ѓоковиќ денеска слетаа во Сараево, од каде што веднаш тргнале кон Високо, за да направат обиколка на „пирамидите“.
Ова е трета посета на српскиот тенисер во Високо, а негов домаќин е Семир Османагиќ, основачотот на фондацијата „Археолошки парк – босански пирамиди на сонцето“.
Босанските пирамиди се наоѓаат на Височица, во близина на босанскиот град Високо, северозападно од Сараево. Местото стана интереснно за светската јавност во 2005 г. кога локалните власти објавија дека се работи за пирамиди изработени од човечка рака.
И покрај упорните напори на главниот двигател на проектот, д-р Семир Османагиќ, огромен дел од стручната јавност во светот тврди дека тоа се сосема природни геолошки образби и дека нема никакви докази за човеково вмешателство во планината.