Нови детали за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга: Телата пронајдени мумифицирани?

Тој и неговата сопруга Бетси Аракава, како и нивното куче, биле пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико.

Ќерката на двократниот добитник на Оскар, Елизабет Џин Хекман, за TMZ изјави дека семејството се сомневало на труење со јаглерод моноксид, а полицијата била повикана од сосед кој се сомневал дека нешто им се случило на Хекман. Според извештаите, тие биле мртви повеќе од еден ден, а на истражителите им биле потребни дури 12 часа за успешно да ги идентификуваат телата.

Дејли Мејл пишува дека има полициски налог кој покажува дека телата на актерот и неговата сопруга биле делумно мумифицирани кога биле пронајдени, а до телото на сопругата било пронајдено отворено шише со лекови. Засега не се знае точно за кои лекови станува збор.

Телата на парот биле пронајдени во бањата, а актерот бил целосно облечен и до него биле пронајдени неговите очила за сонце. Истражителите веруваат дека е можно актерот да паднал пред својата смрт. Иако нивната ќерка се сомневала дека е труење со јаглерод моноксид, пожарникарите кои реагирале во домот на семејството пријавиле дека не нашле знаци на истекување на гас.

Двојката имала три кучиња, од кои едното умрело, а истражителите го пронашле телото на германскиот овчар до бањата, недалеку од телото на Бетси. Две други кучиња биле пронајдени живи, едното стоело во близина на Бетси додека другото талкало низ дворот.

Инспекторите велат дека влезната врата на домот била отворена, но не откриле знаци на насилно влегување.

Да потсетиме дека Хекман глумеше во голем број големи американски филмови – Бони и Клајд, Француската врска, Супермен, Мисисипи на оган, Недопирливите. Добитник е на Оскар за најдобра машка улога во The French Connection во 1972 година и најдобра споредна машка улога во The Expendables на Клинт Иствуд во 1993 година, пишува Б92.нет

Најчитани вести