Ново предвидување на мачорот Ахил: Со „тешко срце“ отиде да јаде од садот со белгиско знаме

Ѕвездата предвидувач на годинешното Европско првенство, рускиот мачор Ахил, отиде да јаде од садот со белгиско знаме.

Иако, како што се вели во постот на Инстаграм, со тешко срце не касна од садот со руско знаме, бидејќи е патриот, одлуката падна.

Дали ќе погоди уште еднаш останува да видиме.

Вчера рускиот бел и глув мачор Ахил го погоди победникот на првиот натпревар на првенството, Италија против Турција. Неговиот фаворит беше Италија.

]]>

Најчитани вести