Лепа Брена неодамна објави фотографија од парфемот што го користи и привлече големо внимание. Таа со децении е икона во музичката индустрија на овие простори, а покрај нејзините песни, многумина се заинтересирани и за нејзиниот стил, облека, шминка и мирис. Една од нејзините објави на Инстаграм во која откри каков парфем користи доби многу коментари, пред се поради тоа што е во прашање посебен мирис.

Станува збор за парфемот „Oud Jaune Intense од Fragrance du Bois“, кој чини околу 40.000 динари и е лансиран во 2013 година. Спаѓа во категоријата таканаречени ниш парфеми, што значи дека се произведува во ограничени количини и не е наменет за широкиот пазар.

Многу од нив се унисекс, па така и парфемот што го користи Брена. Oud Jaune Intense од Fragrance Du Bois е ориентален цветен мирис за жени и мажи. Горни ноти се цвет од тахитска гарденија, ананас и иланг-иланг.
Средни ноти се јасмин, амил салицилат и цвет од портокал.
Основни ноти се ванила, мошус и уд, пишува Fragrantica.com.
„Fragrance Du Bois“ е луксузна куќа за парфеми која постои со векови – со неа раководи петтата генерација парфимери кои ја негуваат познатата француска традиција во Грас уште од 17 век.


