Оспорувајќи ја првата шампионска титула во клупската историја на екипата од Јосифово како нелегитимна, попладнево преку социјалните мрежи Шкупи соопшти дека првенството е прекинато пред мечот меѓу двете екипи што требаше да се игра во Скопје.
– Со одлука на Владата, како и Фудбалската федерација на Македонија која не ги презеде плаќањата на ПЦР-тестовите за тимовите од Првата футсал лига, официјално е прекината сезона 2020/2021. Со оваа одлука, моментално првиот тим на табелата, КМФ Проект Цико е неправедно прогласен за шампион, имајќи предвид дека до крајот на сезоната преостанаа уште три кола, а згора на тоа во последното коло оваа екипа требаше да игра за титулата со актуелниот шампион Шкупи во Чаир, се наведува во реакцијата на Шкупи.
MИА
]]>


