Прободен со нож дежурен доктор на Токсикологија

Попладнево од непознати лица е нападнат и прободен со остар предмет, нож во пределот на стомакот дежурниот доктор на Клиниката за токсикологија, објави порталот „Денешен“ повикувајќи се на болнички извори.

Докторот е веднаш пренесен во Ургентниот хируршки центар каде му била санирана повредата.

Извори од Ургентиниот центар ја потврдуваат веста и информираат дека се работи за убодна рана во стомакот нанесена со остар предмет . За среќа повредата не е сериозна и докторот не е во животна опасност, пишува порталот.

Се очекуваат повеќе информации.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести