Прва фотографија: Вака изгледа Тајгер Вудс по сообраќајната незгода

Петнаесеткратниот шампион во голф, Тајгер Вудс, кој преживеа сообраќајна незгода минатиот месец, неодамна е пуштен од болница. Тој ја објави својата прва фотографија на социјалните мрежи.

Во стравичната сообраќајна незгода што му се случи на 23 февруари, кога тој изгубил контрола над својот автомобил и му се превртел, Вудс ги скрши двете нозе и оттогаш беше во болница во Лос Анџелес.

45-годишниот голфер ја информираше јавноста дека излегол од болницата преку својот Твитер.

-Мојот терен се опоравува побрзо од мене. Но, убаво е да се има одличен партнер за рехабилитација, најдобриот пријател на човекот, напиша Вудс.

]]>

Најчитани вести