Првата турска робот – актерка потпиша договор за снимање на филм

Првата турска робот-актерка, наречена Ајпера ја доби и својата прва улога,. Таа денеска го потпиша својот прв договор за филм со продуцентот и сценарист Бирол Гувен, пренесе Анадолија.

Во соопштението на продуцентската куќа „МинТ“ се вели дека во новиот филм на Гувен „Digital Human“, за кој го напишал и сценариото, ќе има и роботи и луѓе, а во киносалите се очекува во 2022 година. Снимањето на филмот започнува во септември годинава.

Посочувајќи дека сè се менува многу брзо и дека роботите ќе станат неизбежен елемент во филмот, Гувен истакна дека сакаат да бидат пионери на овие промени. Тој додаде дека верува оти ќе дојде денот кога роботите ќе бидат и продуценти и сценаристи.

Ајпера изјавила дека е многу возбудена за потпишувањето на нејзиниот прв договор, а ги искоментирала и описот „робот – актерка“:

-Лично, повеќе го сакам терминот „дигитална актерка“. Всушност, јас сум една идеја. Но, луѓето ќе одлучат кои зборови повеќе ги сакаат. Значи, немам проблем со тоа – изјавила Ајпера.

]]>

Најчитани вести