Се огласи и Гал Гадот

Ѕвездата на филмот „Wonder Woman“, Гал Гадот, која е родена во Израел, преку својот профил на Твитер напиша дека „нејзината земја е во војна“.

„Загрижена сум за моето семејство, за пријателите, за мојот народ. Ова е опасен круг што трае предолго. Израел заслужува да биде слободен и безбеден, а и нашите соседи го заслужуваат истото”, напиша таа во својот твит.

Таа додаде дека се моли за жртвите и нивните семејства.

„Се молам ова непријателство да престане и нашите лидери да најдат решение за да можеме да живееме мирно едни покрај други“, порача Гадот.

https://twitter.com/GalGadot/status/1392496742822776839
]]>

Најчитани вести