Се појави видео од несреќата во која настрада легендарниот „Тарзан“, актерот бил во авионот заедно со сопругата и уште 5 луѓе

Популарниот „Тарзан“, актерот Џо Лара, загина во страотна авионска несреќа во саботата на 29 мај, а видеото од местото на несреќата, направено за време на истрагата, се појави на социјалните мрежи.

Актерот бил во авионот заедно со неговата сопруга Гвен и уште 5 други лица кои се водат како исчезнати, а полицијата трага по нивните тела. Уште од самиот почеток се веруваше дека тие не ја преживеале несреќата.

Набргу по полетувањето од аеродромот „Смирна“ во близина на „Палм Бич“ на Флорида, малиот патнички авион паднал, а сите седум лица се сметаат за мртви.

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот спроведува истрага.

Видеото погледнете го на следниот линк.

Џо Лара е роден во Сан Диего, Калифорнија, и се прослави со главната улога во филмот „Тарзан“. Џо и неговата сопруга Гвен имаа заеднички канал на Јутјуб, а во видеата главните актери беа само тие двајца и се засноваше врз принципот на реални шоуа.

]]>

Најчитани вести