„Семејна дружба“ Цеца Ражнатовиќ на гости кај Вељко и Богдана во Тител

Музичката ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи, но сега направи исклучок.

Имено, Цеца на својот Инстаграм сподели фотографија со синот Вељко Ражнатовиќ на која позираа потполно опуштено.

Пејачката ја подигна косата во пунџа и немаше шминка на лицето, додека нејзиниот наследник беше спортски облечен – во дуксер и со капа на главата.

– Семејна дружба – напиша Цеца во описот на фотографијата која е направена во семејната куќа на Вељко во Тител.

Ваквото издание на Цеца ја воодушеви јавноста, а многумина коментираа дека и без шминка изгледа феноменално.

Инаку, Вељко живее со сопругата и синовите далеку од градската врева, а направи и бизнис во Тител, за што јавно зборуваше, пишува српски Блиц.

Најчитани вести