СН Осигурителен брокер потпиша меморандум за соработка со УКЛО – Застануваме како најсилен столб за поддршка на младите

Денес во Ректоратот на Универзитет Св. Климент Охридски – Битола потпишан е Меморандум за соработка помеѓу осигурителното друштво СН Осигурителен брокер АД Битола и УКЛО. Соработката е официјализирана со потписите на еден од двајцата извршни директори на Друштвото, Зоран Пејчиновски и ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски.


Денешниот настан за нас е важен од неколку аспекти:
-СН Осигурителен брокер АД Битола и овој пат како општестено одговорна компанија помага во образованието, им помага на младите. Нашиот интерес и досега беа спортот, културата, екологијата, граѓаните на кои помош им е најпотребна.
-Вработуваме еден од најдобрите студенти од Факултетот за туризам и угоститетлство, насока осигурување
-Доделуваме три стипендии, исто така за студентите од овој факултет и оваа насока, по претходно објавен конкурс
-На овој начин воспоставуваме и развиваме стратешка соработка со УКЛО и застануваме како најсилен столб за поддршка на младите.

]]>

Најчитани вести