Совршен посен рецепт – Кремасти ќофтиња со ориз и компири направени со едноставни состојки

Кога станува збор за деновите кога постиме, се соочуваме со предизвикот да смислиме ново јадење. Овој оброк ќе ви го реши тој проблем, пишува Србијаданас.

Состојки:

половина чаша ориз

три компири со средна големина

кромид, морков, масло за пржење и зачини по вкус

Прво сварете го оризот така што првите 5 минути ќе го варите на средна температура, а последните 15 минути на тивок оган.

Излупете ги компирите, измијте ги и варете ги во солена вода околу 20 минути.

Кромидот ситно исечкајте го, а морковот се ренда што поситно. Пржете ги на масло додека не добијат златна боја. Соединете ги оризот, пирето од компири и испржениот зеленчук. Додадете зачини по вкус и добро измешајте.

Од добиената смеса формирајте топчиња и направете ќофтиња. Валкајте ги во презла и пржете ги во добро загреана тава додека не зацрвенат. Уживајте!

Најчитани вести