Нејзината висина нема никаква врска со генетиката бидејќи нејзината мајка, Ана Марија Рамос, е висока 162 сантиметри, а нејзиниот татко, Луис, 170 сантиметри. Многу подоцна во животот на Елисане, е откриено дека нејзиниот раст е предизвикан од бениген тумор на хипофизата, што предизвикал прекумерно лачење на хормонот за раст и гигантизам.

-Дури како десетгодишно дете, забележав дека нешто не е во ред, бидејќи бев единствената во моето семејство и клас која имав неверојатни 175 сантиметри. Тоа беше шок за целото наше семејство бидејќи бев многу висока на многу мала возраст – изјави Елисане за „Метро“.
Откако една бразилска телевизија ја слушнала нејзината приказна, се понудила да ги покрие сите медицински трошоци за да извршат неколку рутински тестови и да се открие зошто Елисане е толку висока.

Пред десет години таа го запонала Франсиналдо, кој ја запросил во 2011 година, а венчале во 2015 година.
-Веднаш штом се запознавме ја почувствував поврзаноста, а не ја ни забележав неговата висина. Франсиналдо е висок само 165 сантиметри, што е скоро 40 сантиметри помалку од мене, но не ми е гајле. Иако беше љубопитен за мојата висина и состојба, тој никогаш не кажа лош збор и не ми судеше за мојот изглед – вели манекенката.
Разликата во висината не им претставува проблем. Тие го имаат тригодишниот син Анџело, кој е висок 93 сантиметри.
-Иако порано, кога одевме заедно, трпевме многу коментари од луѓето на улица, но веќе не сум во центарот на вниманието, сега го имаме нашиот прекрасен син. Анџело е веќе 93 сантиметри висок на тригодишна возраст, но не верувам дека ќе порасне толку многу како мене, бидејќи мојата состојба не е наследна. Мислам дека има просечна висина, но дури и да не е така тој ќе треба тоа да го прифати како подарок што го добил – вели таа.
]]>


