„Цела ноќ и наутро читам коментари, статуси на Фејсбук и Твитер. Едни пресреќни, други пцујат што не сме победиле (а богами бевме подобри од онаа лошата копија на Колдплеј или што би рекла Ивана – Колдплеј за сиромашни). Трети „хејтаат“ до зла бога и назад“, напиша Тамара на Инстаграм.
Потоа таа додаде:
„Синоќа еден народ беше против Македонија (северна, источна каква сакате). македончето. Со мала буква е македончето, ситно, зајадливо, љубоморно, злобно… Затоа што Македонците гласаа и се радуваа“.
„Ало бре! Стручно жири на Велика Британија ни даде 12 поени. Знаете ли која е Велика Британија. Не е Тереза Меј, не е Брегзит. Не е Меган Маркл. Британија е земја на „Depeche Mode“, „Joy Division“, „Queen“, „Stone Roses“, „The Beatles“, „Cure“, „Oasis“, „Smiths“, „Rolling Stones“, „Pink floyd“, „Radiohead“, „Led Zeppelin“…
A кои сте Вие за да не гласате за одлична песна и уште подобра пејачка.
Не Ви се допаѓа Северна? Обвинете ги политичарите. Демек ја казнивте Тамара (голем уметник и квалитет) затоа што настапила за Северна Македонија. Од утре казнете ги и банките што се во Северна па не ја подигајте платата. Казнете ги училиштата, па не ги праќајте децата во училиште, казнете ги фирмите каде што работите и не одете веќе на работа. Казнувате уметност поради политика. Невидено. Социјалните мрежи ви дадоа глас, па сега лупате триста глупости на саат“, објави пејачката во „стори“ на Инстаграм.


