Организацијата за поморска трговија (УКМТО) на Велика Британија денеска соопшти дека еден танкер пријавил надворешна експлозија во близина на брегот на Оман.
Експлозијата се случи на 60 наутички милји (111 километри) од главниот град на Оман, Мускат.
Експлозијата се случила на крмата, во задниот дел од бродот, поради што протече гориво во морето.
И покрај инцидентот, танкерот и екипажот се безбедни.
МИА


