Tрифун Костовски ги повика институциите да отворат истрага за стечајот на Еуростандард банка

Сопстеникот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, денеска упати јавен повик до институциите да отворат истрага за стечајот на Еуростандард банка.

Тој упати апел до претседателот на Собранието, Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциската комисија и Министерството за внатрешни работи и тврди дека одлуката за стечајот „изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука“.

„Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас“, наведува Костовски во јавниот повик.

]]>

Најчитани вести